Почеток СПОРТКилијан Мбапе дал 183.300 евра на полицијата! Сега сите се под истрага…

Килијан Мбапе дал 183.300 евра на полицијата! Сега сите се под истрага…

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пет француски полицајци се под истрага откако примиле вкупно 180.300 евра од Килијан Мбапе во 2023 година. Францускиот неделник „Ле Канар Еншен“ открива дека е започната истрага од страна на внатрешниот надзор на полицијата, кој треба да утврди дали станува збор за легитимни донации или тајни плаќања за приватни безбедносни услуги.

Килијан Мбапе, според неделникот, во писмена изјава објаснил како одлучил да ја донира целата награда што ја добил за настапот на Светското првенство во Катар – во износ од 180.300 евра – на членовите на безбедносниот тим и разни здруженија. Тој додаде дека претходно се консултирал со својот даночен советник, кој му потврдил дека примателите на вакви подароци не се обврзани да ги пријават кај даночните власти.

Тој, исто така, истакна дека е подготвен да ги достави сите дополнителни информации до надлежните органи, нагласувајќи дека тоа е „вообичаен гест на благодарност“.

Според документацијата од „Tracfin“, француската служба за борба против перење пари, утврдено е дека четворица полицајци добиле по 30.000 евра, додека нивниот командант добил дури 60.300 евра. Во центарот на истрагата е командантот, кој бил виден во личната придружба на Мбапе за време на приватни патувања – во летото 2023 година во Камерун и францускиот Воклиз.

Внатрешната контрола на полицијата смета дека со својот ангажман надвор од службените должности, тој ги прекршил професионалните стандарди и „не ја исполнил должноста за чесност“.

Клучното прашање на кое истражителите сакаат да одговорат е фактот дека Мбапе навистина им дал донација на полицајците од благодарност или станува збор за тајна исплата за услуги за приватно обезбедување? Второто би претставувало сериозно кршење на правилата на службата.

Засега, истрагата е сè уште во тек, а француската јавност го следи развојот на ситуацијата со голем интерес.

The post Килијан Мбапе дал 183.300 евра на полицијата! Сега сите се под истрага… appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа