На плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, на самата основа на часовникот, утрово биле испишани нацистички симболи: „1161“, „HH“ и „88“. Ова се симболи поврзани со крајно десничарската идеологија – „HH“ и „88“ често се користат како кодови за „Heil Hitler“, додека „1161“ е кратенка за „Анти-антифашистичка акција“, движење кое отворено ги негира антифашистичките вредности.
Графитите биле напишани со црна боја, а фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи негодување кај граѓаните. Засега не е познато кој е одговорен за овој чин, но се очекува реакцијата на полицијата и градските служби, кои треба да ги отстранат навредливите пораки.
Овој инцидент доаѓа само неколку дена откако се појавија кукасти крстови на неколку фасади во Загреб.
Пред околу десет дена, на плоштадот Бан Јелачиќ, самиот споменик беше вандализиран – коњот и вратот на банот беа симболично „исечени“ во црвена боја, додека очите на статуата беа обоени во бела боја.
Во тоа време, на постољето пишуваше: „Србите се борат, а ние?“.
The post Нацистички симболи се појавија на плоштадот во Загреб appeared first on Локално.