Брзата чоколадна торта со само три состојки е толку лесна за правење
Нема грешка со овој рецепт, не ви треба брашно или јајца, а сигурно никогаш во животот не сте направиле побрза торта.
Состојки:
350 грама чоколадни колачиња
350 милилитри млеко
малку прашок за пециво
Подготовка:
Прво изблендирајте го бисквитот, потоа истурете го во сад и додадете прашок за пециво и измешајте. Истурете топло млеко во добиената смеса и повторно добро измешајте.
За да добиете подобра соединета маса, можете повторно да изблендирате сè.
Истурете ја добиената смеса во калапот и печете на 180 степени околу 15 минути.
Можете да додадете различни декорации, вашите омилени вкусови на чоколадо врз тортата, или можете да ја сервирате без ништо.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (Рецепт) Најбрзата чоколадна торта: Секој може да ја направи, а има само три состојки appeared first on ekran.