Почеток КУЛТУРАСцена„Танец“ и КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид вечерва ќе го отворат 64. Балкански фестивал на народни песни и ора во Охрид

„Танец“ и КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид вечерва ќе го отворат 64. Балкански фестивал на народни песни и ора во Охрид

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со концерт КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“, вечерва во 20.30 часот ќе биде свечено отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид. Претходно, во 19 часот, од Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне дефиле.
Вчера на првиот ден на 64. фестивал, беше промовирана книгата „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман“ од д-р Стојанче Костов.

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев”- Охри е најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Покровител на фестивалот е македонското Собрание, а го поддржува Министерството за култура и туризам, Општина Охрид и пријателите на фестивалот.
Во наредните три дена следува богата програма со настапи на културно-уметнчки друштва од Бугарија, Србија, од Мелбурн, Австралија, како и од неколку македонски градови.

The post „Танец“ и КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид вечерва ќе го отворат 64. Балкански фестивал на народни песни и ора во Охрид first appeared on УМНО.МК.

Можно е и ова да ти се допаѓа