Почеток КУЛТУРАСценаРаспродадена премиерата на „Риголето“ со Ана Дурловски и Леон Ким – почнуваат 53. Мајски оперски вечери

Распродадена премиерата на „Риголето“ со Ана Дурловски и Леон Ким – почнуваат 53. Мајски оперски вечери

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со „Риголето“ на Верди, под диригентската палка на Џанлука Мартиненги од Италија вечерва во 20 часот во Националната опера и балет ќе бидат отворени 53. Мајски оперски вечери. Режисер е Пјер Франческо Маестрини од Италија, сценограф – Гилермо Нова (Шпанија), костимограф – Кристина Ачети (Италија), а кореограф е Саша Евтимова. Концерт–мајстор е Климент Тодороски.

Насловната улога ја толкува Леон Ким од Јужна Кореја, а со оваа претстава, нашата светска оперска пејачка Ана Дурловски ќе прослави 25 години уметничка дејност.

Настапуваат и: Марио Баг (Јужна Кореја), Игор Дурловски, Николина Јаневска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ, Десанка Глигоријевиќ, Диме Петров и хорот и оркестарот на НОБ.

Кога љубовта, моќта и одмаздата ќе се судрат – се создава „Риголето“! Оваа генијална опера на Џузепе Верди е сѐ што можете да посакате од едно уметничко дело: страст, трагична судбина и музика што ќе ви ја трогне душата.

The post Распродадена премиерата на „Риголето“ со Ана Дурловски и Леон Ким – почнуваат 53. Мајски оперски вечери first appeared on УМНО.МК.

Можно е и ова да ти се допаѓа