Иновативната и интерактивна танцова претстава Мyselves на француската група K. Danse вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе гостува на „Танц фест“ во Скопје. Со тоа ќе биде спуштена завесата на 21. издание на овој фестивал. Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.
Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено уметничко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.
The post Француската иновативна претстава Мyselves вечерва го затвора „Танц фест“ first appeared on УМНО.МК.