Арон Палмарсон ќе се прости од активната кариера со посебен натпревар што ќе се одржи во петок навечер, на 29 август, во салата Каплакрика во Хафнарфјордур.
Како дел од своето проштално чествување, Палмарсон ќе настапи за два тима – својот матичен клуб Хафнафјердур и унгарскиот ракометен гигант Веспрем, каде што помина значаен дел од својата блескава кариера.
Натпреварот ќе претставува симболично збогување со играч кој во текот на својата кариера беше препознатлив по интелигентната игра, визијата и беспрекорната техника.
Палмарсон освои бројни титули и признанија во Европа, вклучително и со Барселона, Кил и Веспрем, и беше неизоставен дел од исландската репрезентација во текот на повеќе од една деценија.