1
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 07:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од нас. Бардовци (во околината на фирмата СВИСЛИОН) во Општина Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без струја од 09:00 до 11:00 часот, ќе останат корисниците од селата Елово, Црн Врв и Малчиште во Општина Студеничани, од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски во Општина Ѓорче Петров, од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Добри Дол, Општина Сопиште.