Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивотЌЕ СЕ ПЕЧИМЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран и температури до 43 степени!

ЌЕ СЕ ПЕЧИМЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран и температури до 43 степени!

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија од денес (21 јули понеделник) па се до петок (25 јули) ќе биде под влијание на екстремно топол воздушен бран од југ, односно од Африка и истиот ќе услови екстремно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност, а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.

И во Скопскиот регион од денес (21 јули понеделник) па се до петок (25 јули) времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност, а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие на многу места ќе надминуваат 35 степени, а локално, особено во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, температурите локално во Повардарието ќе се искачат и до околу 43 степени. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 43 степени.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.

The post ЌЕ СЕ ПЕЧИМЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран и температури до 43 степени! appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа