Почеток МАКЕДОНИЈААрсовска: Еве зошто пет месеци го бранат „комитата“ Висар Ганиу

Арсовска: Еве зошто пет месеци го бранат „комитата“ Висар Ганиу

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска продолжи со обвинувањата кон дел од градоначалниците од редовите на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска објави фотографија од Висар Ганиу и Орце Ѓорѓиевски и нагласи зошто, според неа, се уште нема покренато обвинение против дивоградбите во општина Чаир за кои она објавуваше документи во изминатите два месеци.

-Зошто 5 месеци храбро го бранат комитата Висар Ганиу во една слика. Во меѓувреме си продолжува градењето, крадењето и нормално лажењето. Плаќајте вие даноци и скенирајте сметки, за да има комшијата гратис вода и струја. Наздравје кафето и убава работна недела, стои во објавата на Арсовска.

Пред три дена, градоначалничката побара од шефот на обвинителството за борба против организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази конечно да реагира и да постапи по од неа доставените докази за криминал во урбанизмот на Чаир. Придружувана од два багери, таа и нејзините соработници пред зградата на ОЈО ГОКК предупредија дека доколку нема одлучна институционална реакција, во јавноста ќе се создаде впечаток дека законот не важи за сите, а изминатите санкции за дивоградби ќе треба да се поништат.

Во исто време, таа пишува и дека по барање на членови од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и бил вршен притисок преку дипломатски канали за да се замолчи јавното говорење за криминал пред избори, па затоа таа решила да престана да го повикува обвинителството на акција.

Веќе подолг период Арсовска ги обвинува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и вицепремиерот Изет Меџити за незаконско издавање дозволи за изградба и за легализација на стотици дивоградби. Обвинетите, Ганиу и Меџити, ги отфрлија овие наводи, тврдејќи дека зад ваквите обвинувања стои политички мотив и обид за дискредитација воoчи изборите.

The post Арсовска: Еве зошто пет месеци го бранат „комитата“ Висар Ганиу appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа