Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја санкционираше Јулија Латинина, руски блогер и дисидент, публицист и поранешен новинар на „Новаја газета“, забранувајќи пристап до нејзините профили и канали на социјалните мрежи од украинска територија.
На Латинина ѝ е забранет влез во Украина, ѝ се одземаат украинските награди и се блокираат сите нејзини парични средства и договори.
Латинина, по известување за напади против неа во нејзиниот дом во Русија, таа ја напушти Русија во 2017 година, а во 2022 година од руските власти беше прогласена за странски агент поради нејзиното спротивставување на инвазијата на Украина и војната.
Латинина во мај годинава напиша подолг текст на социјалната мрежа Х во кој ја обвинува Украина за нацизам и оти поради тоа Путин ја нападнал. Таа исто така тврди дека Западот (којшто наводно помагал на руската опозиција) имал проект да ја претвори Украина во „Хамас против Русите“ и дека сега во земјата владее невидена корупција, а Зеленски е нелегитимен претседател.
The post Зеленски ја санкционира дисидентската руска блогерка Јулија Латинина поради антиукраинска пропаганда appeared first on Локално.