Според палестинската новинска агенција WAFA, која се повикува на медицинскиот персонал, вчера во Појасот Газа биле убиени 132 луѓе, а од нив 94 загинале чекајќи хуманитарна помош од камионите на ОН. Веста за убивање луѓе што чекале хуманитарна помош од страна на израелските сили ја потврди денеска и Светската програма за храна (WFP) со седиште во Рим.
Кратко откако влегол низ северниот премин во Газа, Зиким, конвојот од 25 камиони на WFP наишол на голем број цивили што чекале за да добијат храна, објави агенција на ОН на социјалната мрежа Х.
„Како што се приближуваше конвојот, го опкружија толпа прегладнети луѓе, на кои беше отворен оган од израелски тенкови, снајпери и друго оружје“, стои во соопштението.
Инцидентот резултирал со загуба на „бројни животи“ а многу од луѓето што чекале храна биле ранети.
„Овие луѓе едноставно настојуваа да дојдат до храна за да се прехранат себеси и своите семејство, коишто се на работ на гладот. Овој страшен инцидент ги покажува сѐ поопасните услови под кои хуманитарните организации се присилени да работат во Газа“, се вели во соопштението.
WFP Statement | #Gaza
On the morning of 20 July, a 25 truck WFP convoy carrying vital food assistance crossed the Zikim border point destined for starving communities in northern Gaza.
Shortly after passing the final checkpoint beyond the Zikim crossing point into Gaza, the… pic.twitter.com/o8dgXhc1sf
— World Food Programme (@WFP) July 20, 2025
Израелската војска изрази сомнежи во пријавената бројка жртви и соопшти дека „испукала истрели за предупредување“ поради „непосредна закана“ од населението, и изрази сомневање во пријавената бројка жртви. Според официјалните лица, таа бројка не одговарала на бројката што ја пријавиле припадниците на израелските вооружени сили.
The post Во Газа вчера убиени 132 луѓе, од нив 94 чекале хуманитарна помош appeared first on Локално.