1
Денеска, во временски период од 10:00 до 15.00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Текстот Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце ќе биде затворен поради одржување велосипедска трка е превземен од МАКФАКС.