Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, коментираше за отпуштањето на раководителот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кое се случи по Големата награда на Велика Британија.
– Дали сум изненаден од отпуштањето? Можеби од времето, но не и од самиот чин. Имаа многу проблеми таму во последните неколку години, и тие не изгледа дека исчезнуваат, можеби се влошуваа. Затоа не ме изненадува што тоа се случи во средината на сезоната. Но, ние сме фокусирани на нашата борба за титулата. Макс сè уште нè брка. Мора да обрнеме внимание на тоа, изјави Браун за „GPblog“.
На 9 јули стана познато дека Хорнер ја напушти својата позиција како шеф на тимот и извршен директор. Тој беше заменет од Лоран Мекиес.
Хорнер го водеше австрискиот тим повеќе од 20 години. Во овој период, пилотите на тимот станаа шампиони осум пати: Себастијан Фетел освои четири титули, исто толку и Макс Верстапен.