Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ(ВИДЕО) Во Егејска Македонија започнаа Илинденските прослави

(ВИДЕО) Во Егејска Македонија започнаа Илинденските прослави

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нека е за многу години Македонци каде и да сте…

„Овчарани – Егејска Македонија❗
🫶Бев таму. Помеѓу тие планини, во селото Овчарани место каде срцето чука со вековна сила. Иако одвоени со граница, душата на македонскиот народ таму е неделива, горда и жива.
👌За Свети Илија, селото блескаше од живот. Луѓето отворени, со светлина во очите и песна во срцето не само што ме пречекаа како своја, туку ми покажаа што значи да се живее со љубов кон своето. Македонската музика се слушаше до доцна во ноќта, ората се играа со жар и трепет, а секое движење раскажуваше приказна од дамнина. Гласовите им вибрираа со емоција, со спомен, со идентитет.
Во секој здив на тој народ се чувствува нешто свето вековната борба да се сочува македонското. Во јазикот што се шепоти и пее, во погледот на старите што сè уште ги паметат заборавените песни, и во насмевките на децата што ги учат истите ора, се раѓа надежта дека нема да згасне светлината.
Овчарани не е само село. Тоа е доказ. Доказ дека македонскиот дух не може да се избрише, дека културата, традицијата и љубовта кон татковината се носат во срцето тивко, но моќно.
Заминав од таму со душа полна. И со едно ветување: дека никогаш нема да заборавам. Овчарани ми покажа што значи да се биде Македонец со достоинство, со љубов, и со вечна врска со корените“, напиша Жаклина Пешевска на Фејсбук.

 

Фото: Принтскрин/Facebook

The post (ВИДЕО) Во Егејска Македонија започнаа Илинденските прослави appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа