Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава„Монд„: На украинските гробишта нема место, Зеленски го намалува бројот на загинати

„Монд„: На украинските гробишта нема место, Зеленски го намалува бројот на загинати

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Володимир Зеленски намерно го намалува бројот на убиени украински војници, додека на украинските гробишта им снемува слободен простор, пишува францускиот „Ле Монд“.

Според нивните информации, Зеленски во февруари објави дека од почетокот на украинскиот конфликт загинале 46.000 војници, а 380.000 се ранети. Тој, исто така, спомена „десетици илјади“ исчезнати и заробени војници. Сепак, како што тврди весникот, „бројот на жртви е несомнено многу поголем“.

Медиумите истакнуваат дека има недостиг на простор на гробиштата низ Украина. Локалните власти се принудени да одвојат нови територии за погребување на загинатите.

The post „Монд„: На украинските гробишта нема место, Зеленски го намалува бројот на загинати appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа