Почеток КУЛТУРАСценаВИДЕО: Ги предупреди фановите, фронтменот на Колдплеј го прекина молкот по скандалот на концертот во Бостон

ВИДЕО: Ги предупреди фановите, фронтменот на Колдплеј го прекина молкот по скандалот на концертот во Бостон

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Крис Мартин проговори за првпат откако на концерт во Бостон се разоткри аферата на сега веќе поранешниот извршен директор на Астрономер.

И по четири дена, реакциите на социјалните мрежи на снимката од концертот на Колдплеј кога камерата ги фати сега веќе поранешниот извршен директор на Астрономер, Енди Бајрон и раководителката на човечки ресурси на истата компанија, Кристин Кабот, во блиска прегратка, продолжуваат.

Откако предизвика јавен скандал, Бајрон поднесе оставка, а очигледно се соочува со развод, додека судбината на Кабот е сè уште непозната.

По ова, фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин, на концерт на стадионот Камп Рандал во Медисон, Висконсин, ја предупреди публиката за можно појавување на големите екрани за време на настапот.

„Сакаме да поздравиме некои од вас во публиката“, рече Мартин. „Како ќе го направиме тоа? Ќе ги користиме нашите камери и ќе ви покажеме на големото платно.“

„Ооо, погледнете ги овие двајца! Или имаат афера, или се навистина срамежливи“, беа зборовите на Крис Мартин на сега веќе познатиот концерт на стадионот „Жилет“ во Бостон.

Можно е и ова да ти се допаѓа