Почеток СВЕТРоманскиот претседател Никушор Дан доби официјална покана од Доналд Трамп за посета на САД

Романскиот претседател Никушор Дан доби официјална покана од Доналд Трамп за посета на САД

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Романскиот претседател Никушор Дан добил официјална покана од американскиот претседател Доналд Трамп да ги посети САД, соопшти советникот на претседателот, Кристијан Ѓаконеску, во интервју за телевизијата „Диџи24“.

– Постои официјална покана од претседателот Доналд Трамп, упатена до претседателот Никушор Дан. Тие имаа одличен билатерален дијалог пред еден месец и сега оваа покана е испратена по официјален пат, изјави Ѓаконеску.

Тој не прецизираше кога точно ќе се одржи средбата.

На самитот на НАТО во Хаг, кон крајот на јуни, Дан и Трамп се поздравија и разменија неколку зборови, потсетува „Диџи24“.

Веста за официјалната покана пристигнува само еден ден откако романската министерка за надворешни работи, Оана Цојо, најави дека ќе престојува во Њујорк и Вашингтон во септември, со цел да ја подготви средбата меѓу Дан и Трамп, јави новинскиот портал „Зиаре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа