2
Машко лице вчера околу 19:41 часот било пронајдено починато на охридското крајбрежје.
Полицијата по пријавата излегла на терен, а безживотното тело било пронајдено во близина на хотелски комплекс.
– Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.