Почеток МАКЕДОНИЈАШест пожари се активни, два се под контрола, а еден е изгаснат

Шест пожари се активни, два се под контрола, а еден е изгаснат

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

До 12 часот се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола и еден пожар е изгаснат.

Активни се пожарите во:

1.Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2.Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3.Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4.Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5.Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)
6.Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)

Под контрола се пожарите во:
1.Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
2.Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

Изгаснат е пожарот во:
1.Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)

Текстот Шест пожари се активни, два се под контрола, а еден е изгаснат е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа