Почеток МАКЕДОНИЈАГрупна тужба во САД против Volvo поради опасен дефект на XC40

Групна тужба во САД против Volvo поради опасен дефект на XC40

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За Volvo нема одмор. Недолго откако Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) ги предупреди сопствениците на нивните хибридни и електрични модели привремено да престанат да го користат режимот на возење со една педала, шведскиот производител се соочи со нов проблем – групна тужба во САД поради сериозни безбедносни недостатоци во целосно електричниот модел XC40 Recharge.

Тужбата, на која се придружија повеќе од 100 сопственици, тврди дека компактниот електричен SUV има опасни дефекти, вклучително и неконтролирано забрзување што ја загрозува безбедноста на возачот и патниците. Обвинителите бараат судење со порота, убедени дека Volvo знаел или барем требало да знае за проблемот, објавува Carscoops.

Главниот тужител, Роберт М. Бекер, тврди дека XC40 Recharge може ненадејно и неочекувано да се тресе, да потскокне или да забрза сам по себе. Според тужбата, ваквите инциденти најчесто се случуваат при помали брзини, при менување брзини или при користење на режимот на возење „One Pedal Drive“.

Бекер тврди дека овие дефекти претставуваат „значаен ризик од несреќа, повреда или материјална штета“ и дека Volvo не презел соодветни чекори за да ги спречи.

Во тужбата се истакнува дека Volvo бил свесен за проблемот, или барем невнимателно го игнорирал, врз основа на резултатите од тестовите пред производство, поплаките од клиентите (вклучувајќи ги и оние за механички поврзаниот Polestar 2), извештаите од овластените сервисни центри и податоците од самата агенција NHTSA. И покрај сè, тврдат обвинителите, производителот ја намалил сериозноста на ситуацијата и го прикрил вистинскиот обем на дефектот, а повлекувањето на возилата до денес е опишано како „фрагментирано и премногу ограничено“.

Како пример, искуството на главниот тужител Бекер, кој изнајмил XC40 Recharge 2024 на 13 септември лани. За помалку од еден месец, тврди тој, постојано доживувал ненадејно тресење и забрзување на возилото за време на нормално возење, поради што морал да го носи автомобилот на дијагностика и поправки.

Недоволно повлекување на возила

Тужителите се повикуваат на две повлекувања што Volvo ги спроведе во САД. Првото вклучуваше софтверска грешка што можеше да предизвика моделите XC40 Recharge одеднаш да ја изгубат моќноста, но според тужбата, таа поправка не ги реши основните проблеми во логиката на контрола на возилото.

Второто повлекување ги опфаќаше моделите произведени во 2021 и 2022 година поради ризикот од навлегување на вода во сензорот на педалата за гас. Сопствениците веруваат дека ова повлекување било премногу ограничено и не ги опфаќало сите возила со слични дефекти, и затоа не го решило јадрото на проблемот.

Бекер и другите тужители го обвинуваат Volvo за кршење на голем број закони за заштита на потрошувачите во САД, нелојална конкуренција, лажно рекламирање и измамничко прикривање. Тие бараат од судот да додели компензаторна и казнена штета, враќање на нелегално стекнатиот профит и забрана со која ќе му се наложи на Volvo конечно да ги исправи сите пријавени дефекти на возилата.

The post Групна тужба во САД против Volvo поради опасен дефект на XC40 appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа