Почеток Црна ХроникаДете пронајдено во безсознание во базен во дворот – итно пренесено на Клиника

Дете пронајдено во безсознание во базен во дворот – итно пренесено на Клиника

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 20 јули 2025 година, околу 20.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница „Борка Талески“ е донесено едноиполгодишно дете во безсознание.

Според пријавата, родителите С.И. и Б.Т. од село Заполжани, општина Долнени, го пронашле детето во базен во нивниот двор и веднаш го однеле во болница. По укажаната лекарска помош во Прилеп, детето е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Дете пронајдено во безсознание во базен во дворот – итно пренесено на Клиника first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа