1
Вчеравечер, во автокамп на Охридското Езеро, дошло до физичка пресметка меѓу две жени од Скопје, при што во инцидентот се вклучило и трето лице.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот се случил во 20.54 часот кога 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., по што во тепачката се вмешало и друго лице.
– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
The post Жени се тепале во автокамп appeared first on Локално.