Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваЗеленски: Во новата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на три клучни работи

Зеленски: Во новата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на три клучни работи

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.

„Нашата агенда е јасна: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на состанокот на лидерите“, напиша Зеленски на платформата X.

„На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.

Русија се согласува на нова рунда, но без Лавров и без датум
Изјавите на Зеленски доаѓаат откако тој пред три дена објави дека Украина предложила продолжување на директните преговори. Новиот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, ѝ понуди на Русија нова средба.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Москва ја поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека датумот сè уште не е договорен.

„Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.

Руската делегација сè уште ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински. Високи функционери како што е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров сè уште не учествуваат во преговорите.

The post Зеленски: Во новата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на три клучни работи appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа