Почеток СПОРТНово исландско име во Алкалоид, а заминаа тројца ракометари

Ново исландско име во Алкалоид, а заминаа тројца ракометари

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тимот на Алкалоид ќе има видно изменет состав во однос на ланскиот со кој настапуваше на домашната и меѓународната сцена.

Костурот на тимот останува доминантно македонски, и со поголемиот дел од ракометарите кои играа и лани.

Во тимот сега ќе ги нема Французинот, Арно Бинго и Михајло Младеновиќ. Воедно Костадин Петров ќе биде дел од Мулти Есенс каде ќе се рехабилитира од повреда и ќе ја враќа формата.

Најново име во составот од Автокоманда е Улфар Пал Монси Тордарсон. Исланѓанецот кој има 25 години доаѓа од екипата на Валур, со која минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Европската лига. За него, настапите за РК Алкалоид ќе бидат прво интернационално искуство.
Претходно во кариерата Тодарсон настапуваше за Афтурелдинг и Стјарнан од Исланд.

Потсетување дека тимот на Алкалоид веднаш по крајот на ланската сезона ангажира неколкумина нови ракометари. Македонските репрезентативци Ненад Костески (десно крило) и пивотменот Михаил Аларов, како и довчерашниот играч на битолски Е.Пелистер Урош Борзаш (лев бек).

од помладите шанса од Лазаров ќе бараат: Михаил Иваноски (десен бек), Ѓорѓи Николовски (голман) Давид Трајкоски (лево крило) и Емилијан Ѓорговски (лев бек).

Следете нé на социјалните мрежи

The post Ново исландско име во Алкалоид, а заминаа тројца ракометари appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа