Почеток МАКЕДОНИЈАМеџити не ја исклучува опцијата да биде кандидат за градоначалник на Чаир

Меџити не ја исклучува опцијата да биде кандидат за градоначалник на Чаир

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

Како ВРЕДИ деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција, изјави вечерва Меџити во интервју за ТВ Канал 5.

Опозициската ДУИ попладнево потврди дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе биде кандидат на ДУИ за градоначалник за општина Чаир. Меџити во интервјуто кажа дека ако ДУИ навистина излезе со Османи како кандидат дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа