Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивотАнтонио истрча 600 км од Скопје до Острог за да им помогне на децата болни од рак: „Успеав, мамо. Ова беше за тебе“:

Антонио истрча 600 км од Скопје до Острог за да им помогне на децата болни од рак: „Успеав, мамо. Ова беше за тебе“:

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

 

Македонецот Антонио Пандовски, кој истрча 600 километри од Скопје до Острог, пристигна до манастирот и беше пречекан од волонтери и поддржувачи од Македонија. Антонио гордо го развеа и македонското знаме. По пристигнувањето во Острог тој објави:

„Таа веќе не е со нас, ама беше со мене во секој чекор. Мајка ми не ме држеше за рака… ама ме носеше низ секој километар. Кога ја прегрнав сестра ми ја почувствував и неа.“

„Толку солзи, толку тишина, толку зборови што не мораа да се изговорат. Овој момент беше победа на љубовта што таа ја вгради во мене. И денес, таму под Острог, со срце полно, само едно ми одекнуваше во глава: Успеав, мамо. Ова беше за тебе“.

Зад Пандовски застана Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија кои на својот профил напишаа:

600 километри. 18 дена. Еден човек. Илјадници срца.

Денес Антонио Пандовски стигна во Острог. Последниот чекор од подвигот што го започна за нашите мали херои.

Од Скопје до Острог, со срце кое трча за секое дете на Клиниката за детски болести.




600 км надеж.
600 км љубов.
600 км верба дека заедно можеме.

Средствата се уште се собираат. Следните 3 недели се наша шанса – твоја, моја, на сите нас – да бидеме дел од оваа приказна.

Поддржи ја мисијата. Донирај. Сподели. Охрабри уште некој.

Од срце благодариме на сите кои досега донираа, волонтираа, споделуваа, охрабруваа – оваа победа е и ваша.

За децата. За хероите. За нас.

Сметка за донации:
НЛБ Банка:
210-075797990237

Назив:
Фондација Ице Бегов

Назнака:
Донација – За нашите мали херои

Девизна сметка
IBAN Code:
MK07210722000122190

SWIFT:
TUTNMK22

Телефонски броеви за донации:
А1: 143-460

Т-Mobile: 143-403

The post Антонио истрча 600 км од Скопје до Острог за да им помогне на децата болни од рак: „Успеав, мамо. Ова беше за тебе“: appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа