Почеток КУЛТУРАСцена(ВИДЕО) ВИДЕОТО НА СТИНГ И НЕГОВИОТ БОЛЕН ВНУК ГИ РАСПЛАКАЛА ЛУЃЕТО НИЗ ПЛАНЕТАТА: Каква нежност и љубов!

(ВИДЕО) ВИДЕОТО НА СТИНГ И НЕГОВИОТ БОЛЕН ВНУК ГИ РАСПЛАКАЛА ЛУЃЕТО НИЗ ПЛАНЕТАТА: Каква нежност и љубов!

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Познатиот музичар Стинг, татко на шест деца и дедо на деветгодишниот Акира, е познат по безброј настапи и хитови, но едно видео со неговиот внук предизвикал посебни емоции кај јавноста.
Оваа трогателна сцена стана моќен симбол на поддршка за сите семејства кои секојдневно се соочуваат со развојни предизвици кај децата.
Акира Роуг Кантровиц, роден во 2016 година, е внук на Стинг и Труди Стајлер, и син на нивната ќерка Мики Самнер и нејзиниот поранешен партнер Крис Кантровиц. Уште во 2021 година, Мики споделила со јавноста во личен есеј дека нејзиниот син има сериозни тешкотии во развојот.
„Во овој момент, Акира не зборува, не оди, има слаб слух на двете уши, има хипотонија и генерално е со застој во развојот“, напишала актерката.
Хипотонијата, позната и како намален мускулен тонус, влијае на моторните вештини и стабилноста на телото кај бебињата, што може да биде значителна пречка во раниот развој. Сепак, и покрај сè, малечкиот Акира расте во средина исполнета со љубов и поддршка.

Стинг, кој сега има 73 години, е посветен на својот внук со голема нежност, а целото семејство активно учествува во неговиот развој. Емотивен клип на кој се гледа како дедото и внукот како споделуваат нежни моменти ја трогнал публиката низ целиот свет. Реакциите биле бројни, вклучувајќи го и коментарот на познатата пејачка Ени Ленокс:
„Толку нежно“, напиша таа, реагирајќи на видеото.

Мики Самнер, најстарото дете од бракот на Стинг и Труди, денес има 41 година. Двојката има четири деца заедно – Џејк (40), Елиот (34) и Џакомо (29), додека Стинг има уште две од претходниот брак – 48-годишен син и 43-годишна ќерка.

Во својот есеј, Мики ги споделила и тешкотиите низ кои поминала како мајка на дете со посебни потреби. По породувањето дома, брзо се појавиле проблеми – Акира одбил да цица, а неговото здравје се влошило до тој степен што бил хоспитализиран и сместен во инкубатор.
„Мислев дека ќе полудам, но потоа си реков: ти си мајка, не смееш да се откажеш“, искрено признала таа.
Како и многу мајки во слични ситуации, Мики почувствувала завист додека ги гледала другите деца без тешкотиите низ кои поминувал нејзиниот син. Со години таа барала решенија – од лекари до алтернативни терапии – сè додека не дошле до важно внатрешно сознание:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY SUMNER (@sumnermickey)

„Може ли едноставно да му се дозволи да биде свој? … Тоа беше длабок момент на учење за мене. Сè уште учам“.
Мики не ги криела своите борби со сопственото ментално здравје. Таа отворено зборувала за постпарталната анксиозност и опсесивно-компулсивното нарушување, нагласувајќи колку предизвикувачко било мајчинството во нејзиниот случај, но исто така исполнето со светли моменти.
„Во деновите кога се чувствувам вознемирено, кога се грижам за неговата иднина, секогаш се сеќавам: луѓето се чувствуваат добро во негово присуство. Тој е како сонцето. Моето мало моќно сонце“, напишала таа.

На крајот, Мики одлучила дека наместо да се бори со светот, таа избрала да го сонува поинаку:
„Сега избирам да сонувам за свет каде што Акира е прифатен точно таков каков што е. Сонувам за свет каде што тој има еднакви можности. И верувам дека е повеќе од во ред да се стремиме кон ѕвездите, бидејќи универзумот е прекрасен, мистериозен и им припаѓа на сите – без оглед на способностите“.

Фото: Архива

The post (ВИДЕО) ВИДЕОТО НА СТИНГ И НЕГОВИОТ БОЛЕН ВНУК ГИ РАСПЛАКАЛА ЛУЃЕТО НИЗ ПЛАНЕТАТА: Каква нежност и љубов! appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа