Почеток СПОРТВо ЛА Лејкерс пристигна Маркус Смарт!

Во ЛА Лејкерс пристигна Маркус Смарт!

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лос Анџелес Лејкерс го додадоа клучното парче кое им недостасуваше во одбраната. Искусниот бек и поранешен дефанзивец на годината во НБА, Маркус Смарт, потпиша за “езерџиите” откако претходно го договори својот откуп на договорот со Вашингтон Визардс.

Според инсајдерот Шамс Чаранија, 31-годишниот Смарт се согласил на двегодишен договор вреден 11 милиони долари, што се смета за неверојатно добар потег за тимот од Лос Анџелес.

Она што е особено интересно е начинот на кој се реализирал овој трансфер. Според информациите на новинарот Марк Стајн, откако Смарт добил дозвола да преговара со други тимови, ѕвездата на Лејкерс, Лука Дончиќ, лично му се јавил за да го убеди да им се придружи во походот кон титулата. Ова е јасен знак дека најголемите ѕвезди на тимот се активно вклучени во градењето на шампионскиот состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа