3
Според информации на британскиот Sky Sports, напаѓачот на Манчестер Јунајтед утрово ги комплетирал лекарските прегледи во Барселона и е на чекор до комплетирање на својот трансфер во каталонскиот гигант.
27-годишниот Англичанец уште во неделата допатувал во Барселона, а се очекува неговото официјално претставување да се случи во среда.
Според информациите, Манчестер Јунајтед и Барселона постигнале договор за едногодишна позајмица за сезоната 2025/2026, со опција за целосен откуп следното лето. Она што е клучно е што Барселона се согласила да ја покрие целата плата на Рашфорд за време на позајмицата.