Германската влада за првпат дозволи конзулски службеници на Талибанците да влезат во земјата, за да помогнат во организирање на летовите за депортирање мигранти во Авганистан.
Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, но нивниот режим не е дипломатски формално признаен речиси од никого, освен од Русија.
Авганистанските дипломатски мисии во Германија досега беа раководени од лица примени со агремани пред доаѓањето на Талибанците на власт. Сепак, нивниот број е недоволен и во текот на викендот пристигнаа двајца нови службеници.
„Германската влада е заинтересирана да гарантира дека авганистанските државјани во Германија добиваат адекватна конзулска поддршка – тоа вклучува, на пример, издавање пасоши“, порачува германското министерство за надворешни работи.
Во петокот беа депортирани од Германија 81 Авганистанец, и тоа е првата таква депортација од почетокот на мандатот на новата коалициска влада во мај.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц уверува дека нема да има дипломатско признавање на Талибанците. За подготовката и депортирањето се воспоставени само т.н. „технички контакти“ олеснети од страна на Катар.
The post Германија прими дипломати на Талибанците за да го забрза враќањето мигранти appeared first on Локално.