Почеток ЕКОНОМИЈАВо Балтичкото Море кај Полска откриено големо наоѓалиште на нафта и гас

Во Балтичкото Море кај Полска откриено големо наоѓалиште на нафта и гас

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Канадската компанија Централ Јуропиан Петролеум (Central European Petroleum) соопшти дека открила големо наоѓалиште на нафта во близина на балтичкиот брег на Полска. Според компанијата, тоа е најголемото наоѓалиште досега во Полска и едно од најголемите во Европа.

Според резултатите од пробните дупчења, залихите на сурова нафта и природен гас се проценуваат на 200 милиони барели нафтен еквивалент, соопшти компанијата.

ЦЕП соопшти дека офшор нафтеното поле Волин Исток се наоѓа на околу 6 километри од пристанишниот град Свиноујшќе, кој се наоѓа на крајниот северозапад на Полска, на границата со Германија, пренесе ДПА.

„Доколку ова откритие на крајот биде потврдено, наоѓалиштето Волин Исток би можело да стане најголемото нафтено и придружно поле на природен гас откриено во Полска досега“, изјави главниот национален геолог на земјата, Кшиштоф Галос.

Црпењето на нафтата и гасот би можело да почне за три до четири години и полето би можело да покрие четири до пет проценти од годишната побарувачка на нафта во Полска во текот на неколку години, изјави Галос за новинската агенција ПАП.

The post Во Балтичкото Море кај Полска откриено големо наоѓалиште на нафта и гас appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа