Почеток СВЕТ„Прв ваков потег во светот“ – Велика Британија со нови мерки во борбата против нелегалните имигранти

„Прв ваков потег во светот“ – Велика Британија со нови мерки во борбата против нелегалните имигранти

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Велика Британија воведува нов казнен режим против бандите-шверцери на луѓе и на нивните помагачи, што, според владата, е прв таков потег во светот.

Сега властите ќе може да замрзнат имот, да изречат забрани за патување и да оневозможат пристап до финансискиот систем на земјата на сите поединци и групи вклучени во овозможувањето илегални миграции. Сите постапки ќе се вршат според посебен режим, без притоа да мора да се почитуваат одредбите кривичните и противтерористичките закони. Новите мерки за борба против нелегалните имиграции ќе бидат внесени во законот за границите, безбедноста, азилот и имиграцијата, кој допрва треба да се донесе.

Режимот на санкции го претстави Дејвид Лами, министерот за надворешни работи.

„Предолго криминалните банди неказнето ги полнеа своите корумпирани џебови и ги искористуваат надежите на ранливите луѓе, водејќи ги илегалните миграции во Обединетото Кралство. Затоа ОК го создаде првиот режим на санкции на светот насочен на бандите што шверцуваат луѓе и поттикнуваат нелегални миграции“, порача Лами.

Премиерот Кир Стармер неодамна склучи спогодби со Франција и Германија за помагање во сопирањето на малите бродови упатени кон британските острови.

The post „Прв ваков потег во светот“ – Велика Британија со нови мерки во борбата против нелегалните имигранти appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа