Почеток МАКЕДОНИЈАГори на шест места во Македонија, под контрола се пет пожари

Гори на шест места во Македонија, под контрола се пет пожари

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вкупно 38 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Под контрола се пет пожари, а активни се шест пожари.

Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) активни се пожарите во село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини во општините Василево, Радовиш и Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Во Општина Македонски Брод, во селото Грешница гори мешана шума и сува трева, помеѓу селата Локвица и Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација во село Латово, кај месност Маркова Стапалка горат грмушки и сува трева.

Во Општина Прилеп активни се пожарите во село Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, а во Општина Желино пожар има помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Ресен поточно во село Шурленци до село Езерани, во Општина Дојран кај село Николиќ, во Општина Велес кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, во Општина Гостивар кај село Симница и во Општина Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид.

Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи, изгаснати се вкупно 27 пожари.

The post Гори на шест места во Македонија, под контрола се пет пожари appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа