1
Во СВР Штип, Е.З.(47) од Штип пријавила дека додека го чистела станот на нејзиниот починат татко пронашла рачна бомба, пренесе ТВ стар.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и за настанот бил запознаен јавен обвинител.