Почеток МАКЕДОНИЈА📷Арсовска го објави својот сон: „Меџити ја руши дивоградбата на Османи“

📷Арсовска го објави својот сон: „Меџити ја руши дивоградбата на Османи“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се „мајтапи“ со вицепремиерот Изет Меџити по неговата изјава дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи живее во дивоградба. Таа објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција во која Меџити со багер го руши домот на Османи.

-Утрово во организирана акција министерот Изет Меџити, со багерот на Висар Ганиу почна со рушење на незаконските и небезбедни дивоградби низ Чаир. Прва ја сруши дивоградбата на Бујар Османи која Изет изјави дека лично му ја легализирал. Продолжи со багерот накај 12 катниците што крадат вода и струја, градени со перени пари.

Потоа МВР координирана од Владата, во акција со своите специјални единици ги уапси криминалците од ДУИ и Заев. И во тој момент се разбудив. Сѐ можат, само за криминалот на Висар Ганиу не смеат да писнат. Македонија повторно горда, стои во објавата на Арсовска.

Претходно Арсовска го праша Меџити дали ќе ја руши дивоградбата на Османи.

Арсовска со прашање до Меџити: Зошто не ја рушиш дивоградбата на Османи, таман Висар има багери…

Меџити вчера ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ. Тој исто така нагласи дека Османи живее во нелегализиран објект.

The post 📷Арсовска го објави својот сон: „Меџити ја руши дивоградбата на Османи“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа