Почеток ЕКОНОМИЈАЛинеарното покачување на пензиите од 1000 денари ќе стигне во Собрание пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Линеарното покачување на пензиите од 1000 денари ќе стигне во Собрание пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Владата на денешната седница ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат линеарно по 1.000 денари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани пред да бидат распишани претстојните локални избори.

„Јас веќе најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа практично го бараат пензионерите од Владата. Тој процент, согласно закон, кој што треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како Влада. Денеска на седница на Влада би требало да помине предлог – законското решение и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно“, рече денес премиерот Мицкоски.

По двете линеарни покачувања на пензии од по 2500 денари, во септември минатата година и во март годинава, наесен пензиите беше предвидено да се зголемат процентуално односно според растот на инфлацијата и просечната плата, согласно системското решение што го воведе претходната власт во 2022 година кога беше предвидено пензиите двапати годишно да се усогласуваат со трошоците за живот.

Според официјалните податоци од Фондот за пензиско осигурување, во земјава има 345.245 пензионери. Најниската пензија, по двете линеарни покачувања, изнесува 18.192, а највисоката надмина 85.000 денари.

Текстот Линеарното покачување на пензиите од 1000 денари ќе стигне во Собрание пред да се распишат изборите, вели Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа