Аталанта е подготвена да плати 12 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза, според извештаите на медиумите на Апенините. Поранешниот играч на Јувентус и Фиорентина не е дел од плановите на Арне Слот, кој дури и не го вклучи во групата за предсезонскиот камп во Азија.
На „Енфилд“ сакаат да се ослободат од Киеза по секоја цена, па дури се подготвени да покријат голем дел од неговата плата. Во негово лице, Аталанта ја гледа идеалната замена за Адемола Лукман, кој инсистира на трансфер во Интер за 50 милиони евра ова лето.
27-годишниот Киеза има одиграно 14 натпревари за Ливерпул, но одигра само 466 минути. Во нив, постигна два гола и имаше две асистенции.
The post Аталанта го „спасува“ Ливерпул од Киеза appeared first on Локално.