Почеток СПОРТБошковска: Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во репрезентацијата

Бошковска: Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во репрезентацијата

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поради повреда Мери Бошковска ја пропушти првата летна акција на женскиот национален тим, настапот во Европската Сребрена лига. Сега таа се враќа во екипата во пресрет на европските квалификации. Бошковска се стави на располагање на селекторот Стефан Пауновиќ во Маврово и работи со полн интензитет.

Санацијата на повредата е во финална фаза, а коректорот се надева дека ќе биде целосно подготвена да и помогне на репрезентацијата на претстојните дуели со Грција и Австрија.

„Веднаш почнав со санирање на повредата, со физикални терапии и индивидуални вежби за зацврстување на самиот зглоб.

Се чувствувам многу подобро, во последните 15 дена почнав да се подготвувам и за репрезентативниот собир. Се надевам дека комплетно ќе се вратам во ритам и со добра превентива ќе можам да ги издржам овие квалификации. 

Убаво е што сум пак дел од екипата. По оваа повреда почувствував колку е тешко кога сакаш, а не можеш да и помогнеш на екипата! Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во тимот“, вели Бошковска.

Натпреварите со Грција и Австрија не можат да сменат ништо за Македонија во циклусот за ЕуроВолеј 2026, но можат да бидат нова потврда за тоа дека екипата расте од акција во акција.

„Од првиот собир на оваа екипа пред неколку години до денеска имаме голем напредок и од натпревар во натпревар се чувствува се поголема хемија меѓу нас, позитивна енергија и зрееме како играчи и како екипа.

Вистина е дека немаме резултатски притисок во дуелите со Грција и Австрија, но остануваме мотивирани да дадеме максимум и да понудиме добра игра особено пред домашната публика“, потенцира коректорот на репрезентацијата.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Бошковска: Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во репрезентацијата appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа