Почеток СВЕТНа денот на смртта на мајка му Људмила, се самоубил внукот на бугарскиот диктатор Тодор Живков

На денот на смртта на мајка му Људмила, се самоубил внукот на бугарскиот диктатор Тодор Живков

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тодор Славков (54), според досегашните сознанија на обвинителството, се самоубил, јави Бугарското национално радио.

Бугарските медиуми вчеравечер известија дека во селото Асен во областа на Казанлк, бил пронајден мртов Тодор Славков, внук на последниот комунистички владетел на Бугарија, Тодор Живков – од неговата ќерка Људмила. Повеќе податоци вчера и утрово не беа соопштени, но БНР околу пладне ги потврди шпекулациите што се ширеа во бугарската јавност – дека е можно да станува збор за самоубиство.

Според Реонското обвинителство Стара Загора, кое ја води истрагата за смртта на Славков, повик до итните служби на бројот 112 вчера во 16:49 часот бил упатен од куќа за гости во селото Асен, при што било наведено дека починал Тодор Славков. На местото излегле полициски и медицински екипи, а од судско-медицинската експертиза е утврдено дека станува збор за самоубиство со огнено оружје. Нема докази за насилна смрт, извести БНР.

Тодор Славков, именуван по неговиот дедо, поседувал со дозвола револер со калибар 22. Во куќата за гости бил сам веќе две седмици.

Тодор Славков е роден на 18 мај 1971 година. Неговата мајка умира на 21 јули 1981 година, во нецелосно разјаснети околности, но се смета и дека е можно да се самоубила давејќи се во када со вода во резиденцијата на Тодор Живков во комплексот „Бојана“. На истиот ден во 2021 умира и нејзиниот брат Владимир Живков, вујко на Тодор Славков, а сега и 54-годишникот замина од овој свет на 21 јули.

Тодор Славков е дете од вториот брак на Људмила Живкова, една од најживописните личности на бугарската политичка сцена во социјализмот. Таа едно време е и министер за култура и е главниот иницијатор за одбележувањето „1 300 години Бугарија“ во 1981 година, за изградбата на НДК во Софија и за низа археолошки и други истражувања на бугарската историја. Беше позната и како пријателка на познатата пророчица од Петрич, родената струмичанка Баба Ванѓа.

Во годината на падот на режимот на неговиот дедо Тодор Живков – 1989 година – Тодор Славков матурирал во Првата англиска јазична гимназија во Софија, а студирал Бизнис менаџмент на Универзитет Сен Гален во Швајцарија. За неговата егзистенција по враќањето од Швајцарија во бугарската јавност има главно шпекулации. Доста присутни се оние за живеење од „црните фондови“ од дедо му и од татко му Иван Славков, долгогодишен претседател на Бугарскиот олимписки комитет и на Бугарската национална телевизија

The post На денот на смртта на мајка му Људмила, се самоубил внукот на бугарскиот диктатор Тодор Живков appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа