Почеток СПОРТПознати термините за дуелите Алкалоид – Хановер

Познати термините за дуелите Алкалоид – Хановер

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ракометарите на Алкалоид вчера ги почнаа подготовките за новата сезона.

Неа ќе ја отворат со европскиот двомеч против германскиот Хановер во квалификациите за европската лига.

Алкалоид немаше многу среќа при ждрепката, па го доби најтешкиот можен противник Хановер-Бургдорф.

Првиот меч ќе се игра во Германија на 31 август од 17 часот, а реваншот во салата „Автокоманда“ во Скопје, е закажан за 6 септември од 19:30 часот.

Според најавите, тимот на Алкалоид токму на домашниот натпревар и официјално ќе го добие пехар од ЕХФ Европскиот Куп.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Познати термините за дуелите Алкалоид – Хановер appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа