Почеток СПОРТПо 28 години, Мото ГП се враќа во Буенос Аирес

По 28 години, Мото ГП се враќа во Буенос Аирес

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Големата награда на Аргентина е составен дел од шампионатот Мото ГП повеќе од 60 години. Во 21 век, трките се одржуваа на патеката „Термас де Рио Ондо“ Од 2027 година трките во Аргентина повторно ќе се одржуваат во Буенос Аирес.

Легендарната патека „Оскар и Хуан Галвез“, беше домаќин на трките од шампионатот Мото ГП од 1961 година, а трките се одржуваа повремено во предградијата на Буенос Аирес до 1999 година.

После тоа, Големата награда на Аргентина беше отстранета од календарот, а повторно се врати во календарот во 2014 година.

Оттогаш, до оваа година, Големата награда на Аргентина се одржуваше повремено во „Термо де Рио Ондо“.

Сепак (засега) последната трка на оваа патека се возеше оваа година. Големата награда на Аргентина нема да се вози во 2026, а во 2027 година се враќа во Буенос Аирес.

Фото/ Принтскрин

Текстот По 28 години, Мото ГП се враќа во Буенос Аирес е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа