Почеток МАКЕДОНИЈАСкопјанец измамен за над 268 илјади денари, добил и закани по телефон

Скопјанец измамен за над 268 илјади денари, добил и закани по телефон

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 21.07.2025 во 10.45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари.

Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско.

Откако во неколку наврати му бил испорачан материјалот и уредно направена фактура, друго лице, кое се претставило како пријател на лицето од Кочани, му упатило закани по телефон, а подоцна и во неговата фирма во скопско.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец измамен за над 268 илјади денари, добил и закани по телефон appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа