Почеток Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е

Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Едно лице е тешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:10 часот на локалниот пат Тетово – село Требош.

Според информациите од МВР, возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишна девојка од село Ратае, излетало од патот по што удрило во велосипедист од село Требош, потоа и во паркирано возило „фиат“ и завршило во деловен објект.

Девојката зад воланот се здобила со тешки телесни повреди, додека велосипедистот е полесно повреден. Двајцата се пренесени во Клиничката болница Тетово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од страна на екипа на СВР Тетово.

Текстот Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е е превземен од МАКФАКС.