Сите слушнале за екстремниот спортист Феликс Баумгартнер кога се осмелил да скокне од вселената, го нарекувале „човек без страв“, и го дочекал крајот на бизарен начин
Феликс Баумгартнер, 56-годишен познат екстремен спортист од Австрија, загинал во несреќа со параглајдинг на јадранскиот брег на Италија, објави државната телевизија RAI.
Несреќата се случила во близина на Порто Сант’Елпидио, а телото било пронајдено во хотелскиот базен. А само два часа пред трагедијата, тој објавил загрижувачка порака: „Премногу ветер“.
Според италијанските медиуми, Баумгартнер ја изгубил контролата врз параглајдерот околу 16:00 часот, откако наводно му се слошило во воздухот. Леталото паднало директно во хотелскиот базен, а ударот бил фатален. Полицијата и брзата помош веднаш реагирале, но за жал спортистот починал налице место.
View this post on Instagram
Млада жена, која наводно била во близина на местото на несреќата, исто така била лесно повредена во инцидентот, а локалните власти ги истражуваат сите околности на несреќата.
Феликс Баумгартнер стана светски познат во 2012 година кога изведе скок од стратосферата од висина од 39 километри, кој беше емитуван на милиони гледачи низ целиот свет. Во последните години, тој живеел во швајцарскиот град Арбон, во кантонот Тургау.
View this post on Instagram
За време на својата кариера, Баумгартнер изведувал спектакуларни скокови од облакодери, карпи и од хеликоптери, а многумина го нарекувале „човекот без страв“. За жал, неговиот последен лет завршил трагично.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ФОТО) НЕГОВИОТ СКОК ОД ВСЕЛЕНАТА ГО НАБЉУДУВАШЕ ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА: Го нарекувале „човекот без страв“, а потоа завршил во бизарна несреќа на Јадранското Море, неговите последни зборови ја ледат крвта во вените! appeared first on ekran.