Почеток КУЛТУРАСценаПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР (54): Полицијата потврдила дека се удавил во морето за време на семејно патување

ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР (54): Полицијата потврдила дека се удавил во морето за време на семејно патување

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата соопштила дека смртта настапила поради задушување
Официјалната причина за смртта на Малколм-Џамал Ворнер е потврдена. Извор потврдил за People дека актерот починал од давење за време на семејно патување во Костарика. Имал 54 години.
Властите на Костарика официјално потврдиле дека причината за смртта на актерот е давење. Националната полиција на Костарика потврдила дека Ворнер се удавил во морето во недела, 20 јули, објавува ABC.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Полицијата им соопштила на медиумите дека смртта настапила како резултат на асфиксија (задушување). Според полицијата, Ворнер бил повлечен од силна струја на плажата во Лимон. Полицијата официјално го потврдила неговиот идентитет.
Покрај „Шоуто на Козби“, Ворнер глумел во голем број успешни телевизиски серии.
Откако завршило „Шоуто на Козби“ во 1992 година, тој глумел во серијата „Малколм и Еди“ од 1996 до 2000 година, заедно со Еди Грифин, а потоа од 2011 до 2015 година го играл ликот на Алекс Рид во серијата „Рид меѓу линиите“, покрај Трејси Елис Рос.
Во поново време, Ворнер ги играше Чак Купер во „Големи злосторства“, Џулиус Роу во „Суитс“ и Еј Џеј Остин во „Жителот“.
Неговите последни улоги беа во сериите 9-1-1 i Alert: Missing Persons Unit.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР (54): Полицијата потврдила дека се удавил во морето за време на семејно патување appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа