Почеток МАКЕДОНИЈАНова трагедија во соседството: Македонски државјанин почина на плажа во Грција

Нова трагедија во соседството: Македонски државјанин почина на плажа во Грција

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако вчера Албанската полиција соопшти дека 66-годишен македонски државјанин го загубил животот во морето кај Драч, на плажата во близина на Каваја, пристигна уште една тажна вест од соседството. На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош, а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите на МИА, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта.

The post Нова трагедија во соседството: Македонски државјанин почина на плажа во Грција appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа