3
Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле надлежните од Општата болница вчера во 18:31 часот.
Во Општата болница било донесено едногодишно дете од село Отља, општина Липково, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од полицијата.
СВР Куманово работи на целосно расчистување на случајот.
The post Едногодишно дете во липковско се затруло со лекови, полицијата го истражува случајот appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.