Почеток Црна ХроникаТешко повреден 80 годишен мотоциклист во сообраќајка во Велес

Тешко повреден 80 годишен мотоциклист во сообраќајка во Велес

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 21.07.2025 околу 17.25 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Борис Трајковски“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.А.(60) од Велес и мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од К.А.(80) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот се здобил со повреди на глава и рана на глава и скршеница на клучна коска и повреди на рбетот. Тој е тешко повреден и укажана му е сета неопхпдна медицинска помош и е вон животна опасност и е згрижен на понатамошно лекување во велешката Општа болница.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Можно е и ова да ти се допаѓа