Почеток МАКЕДОНИЈАОтворени јавни расправи за Нацрт-Деловник и Нацрт Упатство на АВМУ

Отворени јавни расправи за Нацрт-Деловник и Нацрт Упатство на АВМУ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти денеска дека на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

-Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-Упатството и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk. Јавната расправа ќе трае 45 дена, заклучно со 5 септември 2025 година, наведуваат од АВМУ.

На истата седница Советот на Агенцијата донел и Нацрт-Деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат и во јавната расправа за Нацрт-Деловникот и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа, во однос на Нацрт Деловникот, како што соопштуваат од АВМУ, ќе трае 30 дена, заклучно со 20 август 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа